Охрид мора да биде приоритет и стратешка цел на сите и да постои консензус, без оглед кој е на власт, смета министерката за култура Ирена Стефоска, според која ќе биде поразително за неа ако во нејзиниот мандат и како охриѓанка по потекло, Охрид и Охридскиот Регион бидат ставени на Листата на наследство во опасност на УНЕСКО. Но, од друга страна, ќе го прифати тоа за доброто на Охрид имајќи предвид, како што рече, дека не сме способни сами да го заштитиме ова единствено културно и природно светско наследство на УНЕСКО.

– Но, ставањето на Листата во опасност нас не нè амнестира пак од одговорност. Институциите во земјава прво треба да го штитат. Не може за заштита на Охрид и Охридскиот Регион да бидат задолжени само општините. Патем, таму има три многу важни институции – НП Галичица, Хидробиолошкиот завод и Музеј и завод – Охрид. Тие капацитети мора да ги подигнеме. Околу 10-15 отсто припаѓаат на културното наследство, другото е во рамки на природното наследство – езерото, Галичица итн. И тука се важни институциите како министерствата за транспорт и врски и за животна средина, Градежниот инспекторат итн, рече Стефоска во интервју на ТВ Телма, нагласувајќи дека мора да има сериозна координација на инстуцииите од локалната и од централната власт, но и дека грижата е прво за институциите, но и на граѓаните и нивната свест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.