Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ ветува дека грижата за децата од предучилишна возраст, за нивно правилно воспитување е еден од проектите за кој, како што вели, како иден градоначалник на општина Гази Баба има детално разработен план за негова реализација

Изминативе години, родителите од нашата општина се соочуваа со недостаток на слободни места во постоечките детски градинки. Во разговори со нив и на нивно барање, во програмата за локалните избори се обврзувам за изградба на комплетно нови четири детски градинки.

И тоа во Керамидница, Сингелиќ, Трубарево и Инџиково.

Со тоа значително ќе се зголеми опфатот на деца од предучилишна возраст во системот на згрижување и ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од овие населени места но и од цела Гази Баба.

Рокот за реализација на овој проект кој си поставивме е четири години, додека трае мандатот на градоначалникот.

Со изградбата на новите 4 детски градинки, листите на чекање за упис на децата во градинка во Општина Гази Баба ќе станат минато.

Дополнително, постоечките градинки на територија на општина Гази Баба, ќе бидат комплетно реновирани со што ќе се овозможи подобри услови за престој на децата и вработените во детските градинки.

Нови современи градинки е еден од приоритетите во мојата понатамошна работа“, посочи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.