Сведокот во случајот „Рекет“, обвинителката Лиле Стефанова, која денес сведочеше пред заменичката на Вилма Рускоска, Гордана Смаќоска, изгледа е клучниот сведок кој денеска ги потврди укажувањата на ВМРО-ДПМНЕ за тоа каква била улогата на СЈО и на Катица Јанева во пеоцесот на уставни измени за промена на уставното име на земјата.

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за случајот „Рекет” спомена писмо кое тогаш ѝ го дал осомничениот Орце Камчев, во кое Сашо Мијалков преку Наташа Савова ургира Камчев да излезе од притвор.

Јас тоа ѝ го дадов на Јанева, а таа не ми одговори ниту пак го коментиравме повторно. Во тоа време беше актуелно лица да бидат пуштени од притвор заради некакви гласања во Собранието, рече Стефанова, директно вмешувајќи ја во политичката папазјанија и обвинителката Вилма Русксока, која ја играше клучната улога во ослободувањето на Мукоски, Арнаудов и Василевски за да гласаат за Северна.

Во ноември минатата година за улогата на СЈО, но и обвинителството на Рускоска во политичкиот заговор на власта против Република Македонија, зборуваше на митинг во Радовиш и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ја користам оваа прилика од Радовиш да му порачам на поданикот на Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, нека направи еден разговор со вашата радовишанка која беше дел од тоа СЈО, па таа ќе му каже како се менувале и како се договарале и обвиненијата и потенцијалните пресуди. Таа ќе му каже како се менувале одлуките од притвор во куќен притвор за други интереси, затоа што некој друг поинаку сакал да биде. Таа ќе му каже каква порака Катица Јанева во групата на вибер каде што се наоѓале сите специјални јавни обвинители на 9 јануари 2019 испратила веднаш после најголемиот чин на предавство што ѝ се случил на нашата држава, а тоа беа уставните измени. Како се уценуваа пратеници, како луѓе се ставаа во притвор, а потоа се тргуваше со притисок и истите тие луѓе се ослободуваа. Нека ја праша вашата сограѓанка, па таа ќе му одговори за коалицијата помеѓу СЈО, органите на прогон коишто тој ги води, судството и владата, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.