Обвинителството за гонење на организирање на криминал и корупција даде негативно мислење до Кривичниот суд за барањата на осомничените бизнисмени Орце Камчев и Цветан Панделески да им се дадат времени патни исправи, објави тв 24.

Од обвинителството за тв 24 велат дека е дадено негативно мислење за Камчев затоа што ја злоупотребил претходно издадената мерка. Претходно исправите  биле издадени за конкретни патувања на конкретни датуми, а се прошетал и патувал многу почесто од она за што барал да излегува од земјава.

Исто важи и за Панделевски. Двајцата бизнисмени до неодамна имаа времени патни исправи кои им беа дадени по позитивно мислење на екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.