На денешното рочиште на случајот „Рекет“ сведочеше поранешата обвинителка од СЈО Лиле Стефанова.

Таа истакна дека не е во добри односи со Катица Јанева и оти предметот „Империја“  го започнале од прислушуваните разговори и од други докази. Во нив имало експлицитни разговори од Јордан Камчев и од други лица.

Таа истакна дека Камчев имал двојно државјанство и големо влијние кај сведоците, а Цветан Панделевски, пак, имал лична карта од Грција. Поради тоа, за нив и за уште неколку лица била предложена мерка притвор.

Но, осомничените секој пат успавале да дознаат за чекорите што СЈО ги презема. Дури и кога се вршел претрес во домот на Камчев тој и сопругата ги пречекале подготвени, а таму бил и Зоран Милевски Кичеец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.