Обвинителката Лиле Стефанова, на денешното рочиште за случајот „Рекет” спомена писмо кое тогаш и го дал осомничениот Орце Камчев, кога веќе бил во притвор.

На 20 ноември, во просториите на СЈО ми даде еден лист на кои стоеше логото на Аџибадем Систина, а како што ми рече, да се запознаам со него. Еден дел беше на кирилица, а еден на латиница. Ми рече прочитај го тој на латиница, тој ми е напишан од Наташа Савова, а по наредба на Сашо Мијалков. На листот пишуваше дека за него во пакет за да излезе од притвор ќе се преземат определени мерки за кои ќе се погрижи Наташа Савова. Јас тоа и го дадов на Јанева, а таа не ми одговори ниту пак го коментиравме повторно. Во тоа време беше актуелно лица да бидат пуштени од притвор заради некакви гласања во Собранието, рече Стефанова.

Таа додаде дека со писмото Камчев сакал да и укаже дека многу луѓе се околу него, потенцирајќи дека во тој период Мијалков се уште не бил во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.