Холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок изјави дека Скопје и Тирана треба да се третираат одделно кога станува збор за започнување преговори со ЕУ.

Проширувањето е повторно на агендата во октомври. Среќен сум што одговорив на прашањата што ми беа поставени, но нема да има изненадувања бидејќи ставот е ист како што разговаравме пред летото. Верувам дека Северна Македонија и Албанија треба да се оценуваат одделно, затоа што тие се две различни земји со различни проблеми и различна прогноза. И порано кажав дека нивото на напредок во Македонија е поголемо отколку во Албанија, изјавил министерот Блок на седница на Комисијата за европски прашања, пренесува тиранската телевизија Топ чанел

Според него, Албанија е друг случај кога се споредува со Македонија.

Мислам дека Албанија ќе може да започне преговори веднаш штом ги исполни критериумите. Но, сеуште не е моментот, рекол Блок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.