Вицепремиерот Артан Груби лобира Калина Гривчева Старделова да остане на чело на Лекарската комора, дознава Република.

Од извори лекарската фела дознаваме дека сè уште актуелната претседателка на Лекарската комора и директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија е толку заинтересирана да остане на функцијата што влегла во политички зделки со актуелни функционери.

Изборот на ново раководство на Лекарската комора преминува во шпанска серија. Иако Старделова извршува две функции истовремено, а Антикорупциската комисија уште во 2019 година констатира дека доаѓа до судир на интереси, таа грчевито се бори да остане на двете раководни столчиња. Очигледно, едното задржувајќи го со помош на првиот вицепремиер.

Освен тоа, периодов лекарите сведочат за низа притисоци и уцени.
Лекарите веруваат дека сепак, на изборите, со тајно гласање по сопствено убедување ќе згасне кариерата на Старделова во Лекарската комора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.