Со денешните 15 починати, Македонија од почетокот на ковид-пандемијата бележи вкупно 949 лица кои починале од последици предизвикани од ковид-19. Пратнеикот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски алармира дека стапката на смртност во Македонија е меѓу највисоките во Европа.

Многу загрижувачки податоци за Ковид19, особено што стапката на смртност во Македонија е меѓу највисоките во Европа:
+628 случаи денес (тоа се високи 28% од бројот на тестираните)
+15 починати во последните 24ч.
7.399 активни случаи (27.827 вкупно)
949 починати
453 стапка на смртност на 1мил. жители, вели Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.