Заклучно со вчера има  828 случаи со коронавирус, што е стапка на заболување од 40,3 на 100 000 жители и во однос на Европа е се уште ниска стапката на заболување. Во Скопје има 312 слуачи, а во Куманово 200. Досега се направени над 8.000 тестови што е околу 4.000 тестови на еден милион жители и тоа не става на врвот во регионот по број на направени тестови, за споредба – трипати повеќе од Србија.  Во овој момент не треба масовно тестирање, и по препораки на Светската здравствена организација се тестираат само симптоматските случаи.

Ова го кажа епидемиологот д-р Владимир Микиќ  попладнево на онлајн информативна видеосесија на тема „КОВИД-19 – Прашања и одговори: Сè за коронавирусот“, што се одржува во Владата.

На 100 000 жители, најмногу заболени има во Дебар – 176, а следен град со повеќе од 100 заболени на 100 000 жители е Куманово – 140. Во другите градови се под сто заболени..

Вкупно има 34 смртни случаи асоцирани со коронавирус во земјава односно 4,1 процент стапка на смртност, а стапката на смртност во светот од 6,2, особено е во висока во САД и во три земји во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.