Лавина од реакции на социјалните мрежи откако Антонијо Милошоски објави снимка на која што се слуша што договарал Зоран Заев, претседателот на СДСМ со Јово Вангеловски, како и тоа дека Катица Јанева знаела сè во врска со предмети чии пресуди требало да паднат на Врховен суд, доколку не се договорел Законот за Јавно обвинителство.

Реакции на социјалните мрежи има од илјадници граѓани, меѓу кои и поддржувачи на СДСМ и власта. Поддржувачите на СДСМ го повикуваат на одговорност и да ја остави партијата на чесни луѓе.

Реакција има и од Софија Куновска, поранешна висока функционерка во СДСМ која што ја пореди ситуацијата во Македонија со случајот Зоран Талер, поранешниот европратеники некогашен словенечки министер за одбрана, којшто беше осуден на две ипол години затвор за скандалот за „кеш за закони“.

Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев праша по кој Копенхашки критериум премиер си нарачувал пресуди на Врховен суд?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.