Јавната обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска, вчера беше предложена од премиерот Зоран Заев да биде на чело на Специјалното јавно обвинителство.

Според анкетниот лист кој таа го доставила до Државната комисија за спречување на корупција кога станала јавен обвинител, на свое име пријавено куќа за одмор во Скопје, од 50 метри квадратни, проценета на 410 илјади денари и стан, исто во Скопје, од 79,9 метри квадратни, проценет на 1,9 милиони денари, како и џип Киа Спортаж проценет на 16 500 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.