Уште на првиот работен ден илјадници животи на вработените во јавниот сектор се доведени во ризик, обвини дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојковски.

Таа вели дека не постојат протоколи за работа и соодветна заштита на работно место согласно препораките на СЗО.

Упатувам апел до Владата, веднаш да се прекине со негрижата кон вработените во јавниот сектор, да преовладува разумот и да се овозможат мерки за нивна заштита. Упатувам апел, сите вработени кои се распределени и патуваат надвор од местото на живеење да бидат вратени во матичната институција или веднаш да бидат ослободени од патување за да се заштитат нивните животи и нивните семејства. Хронично болните, бремените жени, лицата кои се самохрани родители, веднаш да бидат ослободени од работа, а функционерите на СДСМ за кој добив известување дека не ги почитуваат мерките и препораките веднаш да бидат санкционирани и повикани на одговорност – кажа Стаменковска Стојковски.

Таа апелира да се ослободат сите вработени кои немаат безбеден и редовен превоз до нивното работно место и назад, да се превземат мерки за соодветна организација на работните единици/простории во инистуциите како би имало соодветен простор/ растојание помеѓу вработените и апелира на работа од дома освен за институциите каде навистина се има потреба од физичко присуство на вработените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.