Негрижата за вработените во јавниот сектор и за останатите учесници во изборниот процес е својствено за Владата на СДС, заканите, уцените и притисоците на работното место во институциите, кулминира со изложувањето на околу 35.000 вработени во јавниот сектор како “топовско месо” кои немаат избор и мора да се појават на избирачките места, обвини заменик министерката за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски.

Таа вели дека административните службеници се должни да учествуваат во работата на органите во кои се избрани за организирање и спроведување на изборна постапка, а доколку одбијат учество сторуваат потешка повреда на службената должност односно дисциплински престап.

Од друга страна, додава таа, работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата, а работникот има право да одбие извршување на работата доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување.

Доколку вонредната состојба оваа Влада на СДС ја користеше за справување со пандемијата, последиците од пандемијата и заштитата на здравјето и животот на граѓаните, сите институции до денес ќе имаа протоколи за работа, утврдени ризици и ажурирани изјави за безбедност за сите работни места. За жал, нема ниту една институција која испланирала или превзела превентивни мерки за спречување или намалување на ризиците по безбедноста и здравјето при работа на сите нивоа на работа во институцијата, напиша Стаменковска-Стојковски на Фејсбук.

Таа апелира до одговорните лица во институциите доследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.