Дамјан Манчевски го направи Министерството за информатичко општество и администрација кластер на зараза од ковид-19, изјави дополнителната заменик министерка, Невенка Стаменковска – Стојковска. Таа кажа дека дел од вработените кои изминативе денови биле на работните места во министерството се потврдени за позитивни на тестирање за ковид-19.

Денес сите вработени на МИОА од зградата на поранешна Нова Македонија се известени во наредните 14 дена да не доаѓаат на работа. Тоа што се случи овие денови во Министерството за информатичко општество и администрација е се’ она за што предупредував и алармирав уште пред месец и пол, на 1 јуни“, вели заменик-министерката.

Таа кажа дека на 1 јуни предупредила дека со одлуката на Владата на СДСМ да ги врати вработените од јавниот сектор на работните места без воведени протоколи за работа ги доведува во ризик здравјето и животот на вработените.

Јавно апелирав до Дамјан Манчевски и Венко Филипче да не си играат со здравјето и животот на вработените во јавната администрација и прашував дали вработените се обучени, информирани и известени за ризиците кои постојат на нивното работно место, дека е можно да имале контакт со лице заболено од Ковид-19, дали се преземени какви било мерки за заштита на вработените и дали одговорните во институциите го известиле Државниот инспекторат за труд за повреда при работа, професионално заболување, што е воедно и императивна обврска за работодавецот. Наместо одговори, и од Манчевски и од Филипче бев обвинувана дека сум ширела паника и дека тие се погрижиле за се’ и се било во ред. Дамјан и Венко, не ширев јас паника, но вие со вашето неодговорно однесување го проширивте коронавирусот помеѓу вработените на МИОА. Почитувани, со жалење и огорченост известувам дека денес МИОА се претвори во ново жариште на зараза од Ковид-19“, вели Стаменковска – Стојковскa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.