Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) апелира што поскоро да се реши статусот на околу 4700 наставници и стручни соработници во образованието односно нивниот работен статус да биде регулиран со договори за вработување на неопределено време.

Поради тоа е и главното наше барање договорите за вработување на определено време да бидат најмногу до една година, уште повеќе поради случајот со околу 4700 наставници и стручни соработници во образованието кои зависат од одлуката на пратениците за решавање на нивниот егзистенцијален статус, за обезбедување сигурна и достоинствена работа и плата, соопшти ССМ.

Наведува дека како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и се бори за нив во сите сектори, а поради недоволна заштита на работниците во образованието, информира дека ќе ги организира просветните работници во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија во нов прогресивен синдикат за образование.

Тој секогаш ќе стои во одбрана на нивните работнички права, а работниците слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со ССМ да ги остварат своите права. Со постапките на сите чинители во општеството потребно е заднички да придонесеме, работниците од образованието да се чуствуваат достоинствено и да не се плашат за сигурноста на своите работни места, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.