Направена е техничка грешка на службите при преведувањето на огласот објавен во март годинава, се вели во реакцијата на Министерството за транспорт и врски на текстот објавен на МКД.мк.

Сакаме да потенцираме дека е очигледно дека станува збор за техничка грешка со тоа што понатаму во истата реченица, како и во остатокот на огласот, стои македонски јазик, се вели во реакцијата на Министерството.

Во повик на Министерството за транспорт и врски за техничка помош за проект за водовод и канализација финансиран од ЕБРД се бара документите да бидат поднесени на „северномакедонски јазик“ („in North Macedonian language“). Комуникацијата со општините и државните органи, пак, пишува во истиот документ, треба да биде на македонски јазик („in Macedonian language“).


Повеќе на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.