Во српски учебник од 1871 година Македонците биле претставени како посебен народ, односно до 1878 година децата во Србија учеле дека Македонците се друг народ, дека се староседелци на Балканот, полажува документ објавен од Блаже Миневски за „Денешен” на 24.08.2018 година.

Во приложениот извадок од српскиот учебник, има наведено и опис на соседите и границите на етничка Македонија, како и на просторот на кој живеат другите народи на Балканот.

„Бугарите, на овој полуостров исто така се дојденци, во однос на Македонците, како и Србите“ – се вели во учебникот.

Сепак, по 1878, особено по 1903 година, српските ученици почнале да учат дека се Македонците се Срби.

Како што пишува Миневски, во меѓувреме, Србите и Бугарите жестоко се нафрлиле врз Македонија, праќајќи вооружени чети, црковни и просветни емисари со цел да се србизира и бугаризира македонскиот народ, а за таквата пракса авторот во својот текст наведува серија документирани примери.

Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.