Македонија во последно време е во центарот на вниманието поради политичките случувања, но и поради една аудио снимка која се појави на интеренет, а е слика и прилика од македонскиот Парлемант, пишува српскиот портал in4s.net.

На аудио снимката се слуша како пратеникот Павле Богоевски нарачува одредена количина на кокаин.

Во неговата биографија има повеќе ангажмани, а меѓу другото, тој е и граѓански активист. Тој претходно работел како асистент на Факултетот за безбедност во Скопје, бил ментор во полициската академија, а потоа работел во ЛГБТ центарот за поддршка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, јавува in4s.net.

Тој беше еден од лидерите на т.н. Шарена револуција кои меѓу другото бараа поништување на одлуката на претседателот Иванов во 2016 кога тој аболираше 56 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.