Среќен роденден за партијата која му припаѓа на народот, која во себе како темел ги има идејата и заветта кон Македонија. Партијата која ја љуби слободата и човечките правдини, затоа што и овие 31 година како партија, но и цели 128 години како народно движење во својот ген го носиме кодот на В.М.Р.О, а тој иако некогаш носел и проклетство, и казна, секогаш многу повеќе бил прашање на достоинство и трајна вредност на едно свето чувство кое не детерминира во она што сме и ќе продолжиме да бидеме- Македонци – со оваа порака вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го започна својот говор во Античкиот амфитеатар во Охрид утревечер во 19 часот, каде ВМРО-ДПМНЕ го одбележува тиресет и првиот роденден.

Додека присутните го скандираа неговото име и името на партијата со која раководи, тој упати честитки до членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, до Унијата на жени, Унијата на млади сили, Унијата на Ветерани, Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, до сегашните и претходните пратеници, до членовите на Централниот Комитет, до коалиционите партнери… до секој еден член, симпатизер и поддржувач кој во овие 31 година одделил дел од своето време за да придонесе за ВМРО-ДПМНЕ и да придонесе за Македонија.

Од срце ви благодарам! – рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.