Еве ја вистината за ковид, гледајте како ми го земаат микрофонот. Среќа дадов наредба 10 човека да ме обезбедат па кажавме се што треба. Делете турбо, да ги срушиме медиумите! Против нас не можат. Вистината се препознава, Влада лаже, медиуми лажат, доктори лажат.

Oва вчера на својот фејсбук профил го сподели говорникот од вчерашниот протест против новите рестрикции, кому останатите присутни се обидоа да му го земат микрофонот кога почна да зборува за различни теми.

Човекот кој е актуелен со повеќе профили, под името Мајк Тајсон или Ајрон Мајк Тајсон, за себе тврди дека е виртуелен воен разузнавач и постојано споделува теории на заговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.