Како организација којашто ги претставува средношколците и интересите на истите сакаме најостро да го осудиме извидничкиот камп каде на наши врсници им беше презентирано „сексуално образование“ на еден крајно недоличен и безобразен начин, реагираат од средношколската организација „Средношколски глас“.

Јавно апелираме до сите надлежни институции да се превземат соодветните мерки за расчистување на случајот, како во случајот „Јавна соба“, каде голем дел од жртвите беа средношколци.
Сексуалното образование е клучно во здравиот развој на средношколците, но тоа е исто така една многу сензитивна тема. Со таа цел ние како „Средношколски глас“ се залагаме и апелираме до надлежните институции за изготвување на програма за сексуално образование кој ќе биде во рамки на средните училишта, строго регулирана и спроведена од професионалци на тоа поле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.