Средношколски глас повторно излезе со повик за утрешниот протест.

Да излеземе што помасовно, да дадеме поддршка на нашите родители. Да се спротивставиме на уништувањето на образованието што го прави Мила Царовска. Ние сме за дигитализација, но не на овој начин. Ние сакаме хартиени учебници и услови повторно од септември да се вратиме во училишните клупи. Не се плашете, да излезме сите заедно затоа што така сме најсилни. Ве чекаме утре во 12 часот. Да го слушнат нашиот глас и гласот на нашите родители. Доста е од узбрзани реформи и експерименти врз нашиот грб и нашата иднина, порачаа средношколците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.