Националната платформа за учење на далечина не функционира, учениците во речиси сите основни и средни училишта добија насоки да се најават на платформата денес на 28.09.2020, но платформата кај повеќето ученици воошто не функционира, а во текот на утрешниот ден треба да се одржат првите пробни часови на платформата, се наведува во реакцијата на Средношколски Глас за платформата за настава од далечина.

Како ќе успеат првите пробни часови кога платформата воопшто не е функционално кај повеќето ученици? На официјалната страница за платформата исто така покажува дека има и мобилна верзија, но во теорија мобилната верзија не е воопшто функционална. Ние средношколците сме незадоволни од непристапноста и нефункционалноста на платформата. Образованието е право, а не привилегија и поради таа причина треба да биде достапна и функционална како и на компјутер така и на мобилните телефони. Се надеваме дека министерството ќе ја корегира нефункционалноста и недостапноста на оваа платформа, се наведува во нивната реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.