Во работен ден, наместо на своето работно местo, заменик-директорот со партијата во кампања.
Отсуството од работното место било оправдано… – вака новинарот Фуркан Салиу го коментира видеото кое го објави на неговиот фејсбук профил.

Фуркан на заменик – директорот на КПУ Идризово му посравува директно прашање:

Во Сарај се пушти во употреба локален пат, вие бевте таму. Денеска сте овде во Количани. Вие сте заменик-директор на Затворот Идризово. Дали некогаш идете на работа или вака се вртите цело време по кампањи?

Заменик-директорот вели:

Да сум. Ако сакате побарајте информации и во затворот каде што живеам, каде сум и заменик-директор. Можеби сум еден од ретките функционери кои се редовни на своето работно место.

Фуркан прашува:

А зошто денеска не сте?

Заменик-директорот поставен од редовите на ДУИ одговара:

Со причина. Има активности во општинара каде што јас сум, се прави инспекција на работата, проект за кој сме дале многу  труд у затоа сум тука.

Фуркан упорни:

А во Сарај?

Соговорникот вели:

Во Сарај бев повикан од претставници на општинара и бев како гостин.

Потоа новинарот му се обраќа на Артан Груби, заменикот на премиерот Зоран Заев:

Господине Груби дали е ова моделот на еден функционер на ДУИ? Затоа што вие сте првиот заменик на Претседателот на Владата, а власта го именува. За работно време, тој во кампања.

Но директорот од редовите на ДУИ побрза да даде уште еден одговор:

Ние не сме во кампања овде, денеска сме во инспекција на работите за еден проект за кој сме дале голем труд и затоа сме сите заедно овде.

Груби сепак процени дека треба да одговори:

Како и да е мислам дека ова е дискутирано со директорот на затворот во Идризово, пред тој да дојде овде. Но е многу важно тој како активист на ова населено место да го даде својот труд за ваков проект кој е многу важен за сите граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.