Денешното рочиште за случајот „Топлик“ го следат триесетина присутни, обвинети, записничари, судии, новинари. Судењето се одвива во мала сала каде што е загушливо, а сите мораат да носат маски.

Во еден момент на обвинетата Веса Томчевска и се слоши и таа мораше да ја напушти салата. Како што дознаваме, таа боледува од астма и затоа ѝ е тешко да го следи судењето.

Поради тоа, судијата Осман Шабани беше приморан да го прекине и да даде пауза а просторијата да може да се проветри .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.