Јавно ги повикувам МВР, Државната комисија за спречување на корупција, Државната изборна комисија, ЈО и другите надлежни институции, да ги испитаат наводите во овој пост, со фотографиите, напиша Бране Петрушевски на Фејсбук.

Очекувам, како земја преговарач со ЕУ соодветно да се санкционира однесувањето на техничкиот премиер Оливер Спасовски, претседателот на СДСМ Куманово, инаку директор на Службен Весник Мартин Костовски и советникот во општина Куманово Самет Салиевски, најпрвин итно, како организатори на акција каде не се непочитувани мерките заштита од пандемијата, а потоа и за евентуален предизборен поткуп и влијание врз гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.