Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци преку текст на својот портал му се обрати на Александар Кирацовски и го запраша како се гради трокатница во време на Груевски.

Интегрално:

Ова е куќа на семејството на Александар Кирацовски, пратеник, а сега веќе ексгенерален секретар на СДСМ. Куќата е во строг центар на Битола.

Како што самиот вечерва информирал, таа е изградена во периодот од 2013 до 2015, кога не бил носител на ниедна функција.

Ќе тужел куп медиуми, бидејќи погрешно ја информирале јавноста дека куќата била изградена откога СДСМ е на власт. Ги згрешиле луѓето годините, де.

Линк до постот на Кирацовски:

Демант и тужба за клевета за vecer.mk; netpress.com.mk; kurir.mk; republika.mk; denesen.mk;Ова е еклатантен пример за…

Gepostet von Aleksandar Kiracovski am Dienstag, 18. Juni 2019

Туку, мене ме интересира друго – како ова момче, родено 1983, за кое не најдов ниеден податок во неговата биографија дека воопшто некаде бил вработен пред да стане пратеник во 2016, дека ете – има ден стаж, заработувал воопшто, изградило ваква куќа во мандатот на Никола Груевски.

Кирац, како тоа фамилијарно сте изградиле оволка’а куќа, среде Битола, во време на режим?

Нели гладуваше, ова она?

Не, сериозно те прашувам, остај ти овие „неодговорни“ медиуми, како што си ги нарекуваш и за кои си добил „демократска“ желба да ги тужиш, а што се истрчале со погрешни години.

Ти, дечко, што си работел во животов пред да станеш пратеник? Што приходи си имал и од каде ти се, имено, за да се стекнеш со ваква куќа во време на Груевски?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.