Премиерот Зоран Заев имаше средба со Зијадин Села и со Африм Гаши по која  изјави дека е направен сериозен исчекор кон наоѓање на решение за Законот за државјанство. Но, не откри повеќе детали, односно дали е тргнато барањето да се издава државјанство со сведоци.

„Се видоа детално бројките колку граѓани кои немаат државјанство, или кои не стекнале државјанство со брак, поради враќање во земјата ги бараат државјанствата… Ги отворивме сите важни прашања, заокруживме доминатни европски пракси. Годините за стекнување на државјанство кај нас е престој од осум години, имаме европски земји каде што имаме пет, седум, десет години. Ќе се извади еден просек, и согласно Европската Унија ќе се формира една бројка.

Направивме сериозен исчекор, целта е да се оформи законскиот текст, следната недела да се истакне парламентот“, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.