Претседателот Стево Пендаровски во Охрид се сретна со претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој учествува на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“.

Пендаровски и Пахор, на средбата разговарале за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Словенија, што се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа.

Двајцата претседатели размениле мислења за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија.

Посакувајќи успех на претстојното шестмесечно словенечко претседателство со унијата,  Пендаровски изразил очекување тоа да донесе придвижување во однос на интегративниот процес за земјите од Западен Балкан.

Пендаровски истакнал дека Македонија е позитивен пример во изнаоѓањето на решенија за внатрешните предизвици и отворените прашања со соседите и посочил дека деблокадата на нејзиниот интеграциски пат е еден од важните предуслови за просперитет и стабилност на државата, но и на регионот пошироко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.