Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со европратеникот Тијс Рутен (Групата на социјалисти, Холандија), кој престојува во работна посета на Македонија.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во контекст на европскиот интегративен процес на Македонија, перспективите за отпочнување на пристапните преговори, а стана збор и за последните внатрешно-политичките случувања.

Османи посочи дека Европскиот парламент во континуитет дава принципиелна поддршка во однос на европската перспектива на Македонија, при што изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Соговорниците, покрај актуелните политички случувања во нашата земја, разговараа и за билатералната комуникација со Бугарија во напорите за надминување на блокадата на преговарачката рамка, за регионалната динамика и за добрососедските односи.

Европратеникот Тијс Рутен ја реафирмираше поддршката и позитивно ги оцени реформските резултати на Владата, што е констатирано во последниот Извештај на Европската комисија, како и активниот придонес на земјата во унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.