Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Јоханес Реи, раководител на претставништвото на фондацијата „Конрад Аденауер“ за Македонија и за Косово, на која било разговарано за тековните активности на фондацијата, што догодина ќе одбележи 20 години од работењето во нашата земја.

Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинет, истакнал дека од големо значење е поддршката што фондацијата и ја дава на нашата земја во нејзините аспирации за членство во Европската унија преку реализација на бројни проекти.

Претседателот, исто така, изразил подготвеност за соработка со фондацијата во областа на политичкото образование, во духот на демократските вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност.

На средбата претседателот Пендаровски, меѓу другото, изразил и очекување дека фондацијата „Конрад Аденауер“ и во иднина ќе продолжи да дава свој придонес во функција на развојот на граѓанското општество во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.