Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, утре – 13 ноември 2019 година, среда, во 17:15 часот ќе го прими Хајко Мас, министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, кој престојува во посета на Република Македонија.

По средбата, на заедничка иницијатива на МНР на Сојузна Република Германија и Претседателот на Република Македонија, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ во 18:00 часот ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“.

На дебатата, покрај претседателот Пендаровски и министерот Мас, ќе учествуваат претставници на државните власти, на правосудните органи, како и претставници на надлежни институции во оваа област.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.