Во Собранието се одржа средба на кооридинаторите на пратеничките групи на која присуствуваше и претседателкот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери на Фејсбук објави дека посетата на Мишел во моменти во кои, како што вели, се прават значителни напори за деблокирање на процесот на евроинтеграции и за официјално отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е особено важна, особено во фазата кога францускиот предлог влегува во собраниска процедура.

Средбата со координаторите ја реализиравме денес и имавме можност од прва рака да слушнеме охрабрувачки пораки разјаснување на нејасностите, не оставајќи простор за лажни вести и дезинформации. Отворениот разговор меѓу политичките чинители во државата е клучен за донесување суштински важни одлуки, напиша Џафери на својот фејсбук-профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.