Али Ахмети, претседателот на ДУИ објави дека остварил средба со претседателот на Беса, колациски партнер на СДСМ, Билал Касами.

Според информации на тв 24, средбата се случила во Собранието и траела околу половина час.

Се согласивме да ги продолжиме нашите напори за евроатланскиот пат на земјата – напиша на социјалните мрежи Ахмети и посочи дека се надева на средба и со лидерите на другите партии од албанскиот блок.

Претходно Алијанса – Алтернатива одбија средба со Ахмети, откако ДУИ побара поддршка за премиер – албанец. Средбата со Касами доаѓа откако вчера ДУИ ја промовираше албанската платформа кој исто така ја одбија Села и Гаши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.