Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Унгарија, Петер Сијарто.

Во текот на средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Република Унгарија Петер Сијарто, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја изрази големата благодарност за помошта која Унгарија и ја даде на Македонија во текот на кризата со пандемијата, но и поддршката која континуирано ја дава неговата држава на нашите евроинтеграции. Воедно се заблагодари за донацијата на вакцини против корона, што после помошта од нашиот северен соседа, е втора поединечна донација на држава пријател на Македонија.

Беше афирмирана потребата од скорешен старт на безусловни преговорите на Република Македонија и Европската Унија, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија и истото ќе значи реални реформи со помош на нашите европски партнери – истакна Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Македонија за жал поради состојбата во која се наоѓа, секој месец трпи назадување на сите полиња, а особено на полињата на борба со криминалот, владеењето на правната држава, економијата и речиси сите аспекти на живеењето. Откочувањето на процесот би бил гаранција дека нема да се случуваат скандали од типот печатење на 214 официјални пасоши на светски криминалци, злоупотреба на европски средства, криминални тендери или јавни набавки во кои највисоки структури на власта на дневна основа се поврзуваа со криминални скандали и коруптивни афери.

Македонија е држава која има потенцијал и која не заслужува да биде рангирана со земји од третиот свет по корупција, сиромаштија и справување со КОВИД кризата само поради лошото владеење на оваа власт, туку напротив со стартување на преговорите и промена на актуелната владејачка гарнитура ќе биде за брзо време компететивна на многу полиња и реформи со други европски земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.