Остварив средба со Дара Марфи, потпретседател на Европската Народна Партија и шеф на кампањата на ЕНП за изборите за Европскиот Парламент. Разговаравме за предизвиците на политичкото семејство на ЕНП за престојните Евро-парламентарни избори и за улогата на идниот состав на Европскиот парламент во процесот на проширување, пишува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Тој со делегација од партијата учествува на политичкото собрание организирано од Европската Народната партија во Брисел.
Воедно ја искористив можноста да го запознаам со состојбата во Македонија и недостатокот на владеење на правото и кршењето на одредбите на правната држава, додава Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.