Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со Министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак.

Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Aleksandar Nikoloski и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски / Timco Mucunski, остваривме работен појадок со Министерот за надворешни и европски работи на Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Miroslav Lajčák

На средбата разговаравме за интеграциските процеси на земјава, внатрешната политичка состојба и приоритетите на државава.

Истакнав дека недобивањето на датум за преговори е неуспех на владата да направи клучни реформи, подобрувања на состојбите и да го унапреди стандардот на граѓаните. Граѓаните не треба да бидат казнети поради неспособната Влада на Заев и Република Македонија треба да добие датум за преговори до крајот на годината како би се воспоставил уште еден контролен механизам врз криминализираната власт и би се дала надеж наспроти евроскептицизмот кој се подгрева од одредени структури на власта.

Го реафирмирав ставот на партијата да помогне во реформските процеси кои треба да ги реализира Владата потребни за добивање на датум за преговори.

Се осврнав исто така и на други аспекти од општеството посочувајќи дека Владата не покажува интерес за сузбивање на растечката корупција и остварува катастрофално лоши економски резултати што го прават животот на граѓаните уште потежок, напиша на својата Фејсбук страница Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.