Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски оствари средба со претставникот на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата станало збори за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за ветото на Бугарија, со што се создаде пречка на нашиот пат кон ЕУ.

Мицкоски посочил дека е не европски Македонија да се условува за нејзиниот јазик, идентитет и историја, кои се дел од личната карта на еден народ.

Македонија има право на своите идентитетски обележја, истакна Мицкоски.

Дополнително имаше заемна согласност дека реформите во земјава мора да се спроведат и дека придвижувањето кон ЕУ е од корист на државата.

Мицкоски алармираше и на се поголемиот хаос во државата создаден од страна на Заев, на кој му е поважен партискиот  рејтинг и бизнисот на фирмите блиски нему одошто државата.

Лошото справување со здравствената криза се докажува со огромниот број починати и заразени, како и тоа дека здравствениот систем е пред колапс. Добредојдена е поддршката од европските партнери на тој план, посочи Мицкоски.

Мицкоски се заблагодари на Гир за поддршката која ја добива Македонија од Унијата, како и силните заложби за демократизација воедно посочувајќи дека треба да се обрне внимание на борбата со криминалот и корупцијата, кои за жал се на катастрофално ниво поради отсуство на волја од страна на власта. Имено кај власта имаме само декларативна желба за справување со корупцијата, но во принцип истата се става во заштита на криминалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.