Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, на која и пренел дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина со цел на постигнување на заедничките цели со Република Македонија.

Во таа прилика Ахмети и се заблагодарил на амбасадорката Брнс за медицинската помош што САД и ја доделија на Македонија за да се справи што е можно полесно со ситуацијата создадена од пандемијата на Ковид-19.

Лидерот на ДУИ и американската амбасадорка разговарале и за достигнувањата на Република Македонија во евро-атлантските интеграции, вклучително и договорот со Атина и Софија, како и патот на земјата кон ЕУ.

Претседателот Ахмети го поздрави и договорот од Вашингтон меѓу Косово и Србија, како и заемното признавање меѓу Израел и Косово и дефинирањето на Хезболах како терористичка организација. На крајот на овој состанок, амбасадорката Брнс истакна дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Македонија во спроведувањето на важните реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите непристрасно и независно – се наведува во соопштението на ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.