Амбасадор со акредитирано срце
🚩Ако се остават на страна дипломатската афера од Ерменија, како и преголемата потрошувачка на акцизна стока во некои ДКПа, најголемиот суштински пропуст на македонската дипломатија е што подолго од три години нема амбасадор во Вашингтон. Во време кога неколку министри нивното лошо работење го спинуваат со изјави за тоа колку веруваат во САД, најважната дипломатска позиција преку Атлантикот е празна како трафостаница на ЕЛЕМ.
📌Но, пост-изборната политичка криза, во која премиерот го загуби легитимитетот, од друга страна испрофилира нов лик кој моментално има најсилен легитимитет за амбасадор во Вашингтон. Тоа е Кастриот Реџепи. Бидејќи според Кастриот срцето веќе му било акредитирано во Вашингтон, тој би бил одличен избор за позицијата амбасадор во САД, како сериозна замена за промашениот анти-западен избор Фрчкоски, кого Заев го сака, но Америка не го сака.
🚩Дополнително, после неговиот ФБ статус “Гад блес Америка” сигурно и Бујар Османи, и Претседателот Пендаровски се убедени дека Кастриот е подобар кандидат за Вашингтон и од Шеќеринска, и од Теута Арифи. Кастриот докажа дека е човек што знае да пресече, знае дискретно да исчезне, да се вклучи лајфстрим на ФБ од тајна локација, а тоа се вештини што многу ќе му користат во дипломатијата.
📌Инаку, Македонија освен што е хендикепирана подолго од три години без амбасадор во Вашингтон, без прв дипломат се и амбасадите во Белгија, Израел, Турција, Србија, Бугарија, Кина, Канада, Бразил и Египет. Но, затоа МНР во меѓувреме барем набави 15 електрични тротинети за проектот “зелена дипломатија”, пишува на Фејсбук, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.