Најкорумпираната влада во Европа, предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче сакаат да градат клинички центар што ќе чини повеќе од половина милијарда евра. Тоа е четири пати повисока цена од оној што во моментов се гради во Србија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој што се гради во Србија и е идентичен со планот за клинички на ВМРО-ДПМНЕ и предвидува 1.000 болнички кревети, 400 болнички соби, и други неопходни работи за современ медицински центар и чини верувале или не 125 милиони евра. Тоа е четири пати пониска цена од она што сака најкорумпираната влада во Европа, владата на Заев да го потроши за клинички. Ова што го планираат Заев и Филипче е само пљачка на народот. Ова што го планираат Заев и Филипче е уште еден криминал во низата на Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие, се додава, трчајќи по провизии и заборавајќи на граѓаните и нивното здравје го оставија на страна проектот на ВМРО-ДПМНЕ за клинички, а ако продолжеа со истиот сега ќе беше готов.

Заев и Филипче не прават ништо друго освен што го ставаат на коцка здравјето, но и животот на граѓаните. Четири години украден живот. Доста е, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.