Српскиот амбасадор во Швајцарија, Горан Брадиќ, по овластување и наредба на министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, потпишал купопродажен договор со амбасадорот на Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани, за купување на косопственичкиот удел на  Македонија над зградата на Амбасадата на поранешна СФРЈ во Берн, јави дописникот на МИА од Белград.

Во следните 30 дена, на Македонија ќе и се исплати удел од осум отсто од зградата во која се наоѓаат Амбасадата, Конзуларното одделение и резиденцијата на српскиот амбасадор.

Со тоа Србија станува сопственик на 61,5 отсто од уделот над зградата во Берн, соопшти српското министерство за надворешни работи.

Договорот за откуп на словенечкиот удел од 14 отсто беше потпишан на 7 декември годинава.

Зградата на Амбасадата во Берн, со површина од 1.835 метри квадратни, ја изгради компанијата „Енергопроект“ во 1978 година, а во 2017 година Кантонот Берн го вклучи објектот во списокот на заштитени културни добра, наведуваат од српското МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.