Драган Ковачки, член Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ што се емитува на телевизија Канал 5 рече дека Владата може да прогласува каква сака состојба, ама факт е дека на терен состојбата со пожарите е вон контрола.

Некој да ви остави опрема, да ви остави ер трактори и да не ги сервисирате за само 400 илјади евра, да ви остават 10 хиликоптери, а да ви останат само два за употреба и да не ги сервисирате и одржувате. Срамно е да имате и беспилотни летала кои може да ги користите за рано детектирање на пожари, а да ги исфрлите од систематизација, рече Ковачки.

Ковачки укажа дека факт е оти надлежните и Владата не инвестирале ниту денар во опремата за детектирање и гаснење пожари.

Не ми е јасно само се бара помош од други држави, има ли оваа држава институции. Мисли ли државата да прави нешто пожарите бесенеат веќе неколку дена. Едно е јасно, не е инвестирано ништо во опремата за гаснење на пожари, па лето е, не може пожарите да изненадат, вели Ковачки.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на одговорноста за ситуацијата со пожарите.

Одговорноста прво се лоцира на локално ниво, кај градоначалниците значи, тие се командати, второ на централно ниво, каде е Дирекцијата за заштита и спасување, каде се останатите надлежни институции. Последниве години инвестирани се нула денари за одржување на опремата, на канадерите. Два тендери им пропаѓаат, зошто? Надлежните се должни да преземат активности и да ја одржуваат опремата која им е оставена, заклучи Ковачки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.