Низа реакции на поддршката на вицепремиерката Радмила Шеќеринска за пратеникот Павле Богоевски кој си даде оставка откако беше фатен како нарачува забранети супстанци.

Сопартијката Софија Куновска ја нарекува Шеќеринска “политичка хиена” која сака да добие лични поени за жртвата на пратеникот.

“Каква политичка хиена !?

Ако може она да испрофитира малку од свежо положената политичка жртва од страна на пратеникот Богоевски”, напиша Куновска, екс пратеничка и екс шеф на скопската СДСМ.

Министерката за одбрана ја коментира и комуникологот Ненад Живановски кој смета дека ако нејзиниот пост го прочита некој што не знае што се случува ќе помисли дека е епитаф за храбриот и чесен Павле а не срамна подршка на срамен чин на пратеник фатен со “убаво спакуван пола грам”.

“Која е смислата да се поднесува оставка од морални причини ако таа се глорификува како храбар потег а не изнудена автосанкција поради неморално и криминогено однесување”, ја прашува Шеќеринска комуникологот Живановски кој беше жесток критичар на владеењето на Груевски.

Шеќеринска во поддршката за пратеникот вели дека во исто време се гордее и жали за неговата одлука и дека Павле бил

“Многу нешта: симбол и борец, мобилизатор и активист, колега и другар. Беше и громобран”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.