Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на поранешната специјална обвинителка за нејзино префрлување во куќен притвор и таа попладнево беше префрлена во станот на нејзиниот син Лазар Јанев.

Јанева ја напушти Шутка маскирана со полициска јакна, така што нема жив сведок дали под јакната била таа или, пак, некој друг. Јанева остана невидлива како што беше невидлива и додека беше во затворскиот противор, од 21 август годинава кога влезе во Шутка како третообвинета во случајот „Рекет“.

Во овие речиси три месеци за Јанева знаеме дека наводно била во Шутка во посебно одделение, со една цимерка, која едвај ѝ ја нашле, затоа што било тешко да се најде цимерка за Јанева меѓу убијци и рекетари.

Се појави и фотографија на која која се гледа дека Јанева во затворот користи телефон и интернет. Оваа информација не беше демантирана од затворот.

Јанева беше тајно спроведена и на погребот на нејзината мајка. Ниту тогаш никој не ја виде специјалната јавна обвинителка.

Претходно таа понуди гаранција од три станови, но Кривичниот суд не ја прифати. Сега оди во домашен притвор, но без гаранцијата.

Месеците поминати во Шутка се мистерија, а мистерија е и третманот што го добива Јанева како осомничена во најголемиот криминален скандал во историјата на Македонија.

За споредба, Бојан Јовановски, обвинет во истиот случај, има далеку построг третман и покрај тоа што адвокатите предупредуваат дека е во животозагрозувачка состојба, тој нема право на болничко лекување и куќен притивор.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.