Сакаме да одиме во странство, велат најмалку половина од нашите дипломци на прашањето што планираш за понатаму. Трагично е што дури како опција гледаат и да завршат во некој ресторан, без да бидат искористени нивните знаења, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ во емисијата „360“.

Мицкоски е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Сепак, вели Мицкоски дел од нив успеваат да го користат и знаењето, успеваат и како добри инженери.

Со дел од нив сум и во контакт и ме радува што на моето прашање дали би се вратиле тука ако се сменат работите велат да, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.