Спорот со Бугарија не е натпревар на 100 метри, ниту тезга за бостан, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од прославата на Илинден во струшкото село Ташмаруништа.

Тоа е она што сме, нашиот идентитет, огледало и битие. Во тој идентитет се содржани и илинденската епопеја, и Рацин, и Мисирков, и нашите најубави поеми, литература и уметничко творештво. И знам дека многумина ќе речат, па ова и многу пред тебе го ветувале, да точно. Точно е тоа и така било, но сите тие се бледа копија и слика на времето на транзицијата, на еден неморален систем на разврат поттикнувајќи го најлошото во човекот. Јас нудам нов почеток и нови страници кои заеднички ќе ги испишеме. И кредибилитет и темпо кое ќе реализира се што сме ветиле. Кога ќе речам, повторувам 45.000 денари просечна плата, јас навистина мислам дека тоа ќе го направам.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот и сме пред прагот на победа, додаде тој и предупреди дека противникот од другата страна е нечесен.

Го кажувам ова многу внимателно и многу свесно. Затоа разликата на изборите мора да биде поголема, а за да се случи тоа потребно е големо обединување и народ кој ќе излезе на избори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.