Јавноста реагира на изјавата на министерот за информатичко општество и администрација дека во соработка со други ресори бара начин за привлекување кадар и од јавниот сектор и надвор од институциите за вклучување во процесот на преговори со Европската унија.

За апсурдноста на ситуацијата, најдобра споредба прави поранешниот висок функционер во СДСМ, Ивор Мицковски.

Македонија има 143.184 лица вработени во јавниот сектор.

 

И замислете, од оваа бројка, која е засилена со 3.346 луѓе вработени само од оваа власт, немаме капацитет за преговори со ЕУ.

Само за споредба, Европската Комисија, Владата на Унијата, има 32 илјади вработени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.