На прес-конференцијата пред изборниот штаб на СДСМ ноќва лидерот на партијата Зоран Заев прогласи победа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ на предвремените парламентарни избори.

Според Заев, тие имаат убедлива и стабилна предност со над три пратенички мандати предност пред ВМРО-ДПМНЕ, како што додаде, со можност за уште повеќе од еден или два мандати.

Граѓаните излегоа и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда, излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно „не“, порача Заев.

Нагласи дека имавме избори, кои и доликуваат на земја-членка на НАТО, која граби кон ЕУ. Изборите ги оцени како достоинствени, слободни, демократски, безбедни и современи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.